Трамп бара бесплатен премин низ Панамскиот и Суецкиот канал за американски бродови

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на американските воени и комерцијални бродови треба да им биде дозволено слободно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал.



„Го замолив државниот секретар Марко Рубио веднаш да се погрижи за оваа ситуација“, напиша Трамп на Truth Social, цитиран од Ројтерс.

САД ја завршија изградбата на каналот на почетокот на 20 век, но ја отстапија контролата врз стратешки важниот воден пат на Панама во 1999 година.

Трамп во последните месеци постојано изјавуваше дека сака да го „врати“ каналот во САД.

Пред да ја преземе функцијата во јануари, тој изјави дека не ја исклучува можноста за употреба на економска или воена сила за да ја врати контролата врз каналот.

Трамп најави дека може да побара Панамскиот канал да се врати на САД