Трамп: Ако победам во Вирџинија, се враќам во Белата куќа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во саботата рече дека ако победи во Вирџинија, ќе победи и на претседателските избори во 2024 година, пренесоа медиуми.



На митинг во Салем, Вирџинија, Трамп рече дека додека потпретседателката со „низок коефициент на интелигенција“ Камала Харис ја „скршила“ земјата, тој планира да ја „поправа“.

„Америка ќе биде поголема, подобра, похрабра, побогата и посилна од кога било досега“, извика тој.

За време на митингот Трамп вети дека ќе изгради „ракетен одбранбен штит“ околу САД. „Ќе ги обновиме нашите градови, вклучувајќи го и главниот град… ќе ги направиме повторно безбедни, чисти и убави“, нагласи тој.

Трамп, исто така, повтори дека доколку биде избран, ќе стави крај на војната во Украина и хаосот на Блискиот Исток.

Тој предупреди дека Третата светска војна никогаш не била поблиску и дека Блискиот Исток е „насекаде“.

Но анкети покажуват дека Камала Харис води пред Трамп во Ајова и Мичиген

Според истражувањето, додека 47% од веројатните гласачи ја поддржуваат Харис, 44% му даваат поддршка на Трамп.

Во исто време  во Мичиген 49% од веројатните гласачи ја поддржуваат Харис, додека 48% го сакаат Трамп за свој претседател.