Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со денешната експлозија во дворна куча во скопската населба Ќерамидница.
Тошковски вели дека „лошо е тоа што криминалните банди си „хараат“ и го нарушуваат мирот на македонските граѓани, но МВР ќе одговори одлучно и сурово“.
Во експлозијата, како што пренесоа дел од медиумите, повредени е Раде Трајковски-Штекли, кој минатата година во период од два месеци беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт“.
Одговарајќи на новинарско прашање во кое беше спомнат Шекли, Тошковски не негираше дека станува збор за него.
Тој рече дека е добро тоа што во случајот никој не е животно загрозен.
Тошковски вели дека јасно и одлучно ќе се борат против криминалот и против организираниот криминал.
„Убиства имало и ќе има, фрлање бомби имало и ќе има, прашањето е како државата и институциите соодветно ќе одговорат на тоа“, рече Тошковски, пренесува 360 степени
На прашањето дали полицијата можела да им влезе во траг на напаѓачите, со оглед на тоа што денешниот напад со видео и со анимација бил најавен на социјалната мрежа Тик-ток, Тошковски велејќи дека во одговорот ќе биде целосно искрен рече дека МВР не може да направи чуда, но дека ќе постапи во рамките на капацитетите што ги има.






