Тошковски информира и дека братот на градоначалникот на Гази Баба, кој возел со 88 километри на час, наместо дозволените 50 километри на час, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“. Нему, како што наведе министерот, му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а пред надлежен суд ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави кривична одговорност за полицискиот службеник поради кого братот на градоначаланикот на општина Гази Баба не бил казнет поради возење над дозволената брзина, а санкцијата му била изречена на лице кое немало врска со настанот.
Изјавата на Тошковски, додена за ТВ Сител, доаѓа откако опозицискиот Социјадемократски сојуз денеска објави видеоматеријал од, како што кажа портпаролката на партијата Богданка Кузеска, прекршокот што го прави братот на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Стефковски, а за кој, иако регистриран, не бил казнет.
Според Тошковски, фактичката состојба што била утврдена од МВР во случајов е многу постаршна од она што било објавено од Социјалдемократскиот сојуз.
Министерот вели дека полицискиот службеник направил две повреди на оперативните процедури и на законот, од кои едната ја оцени како поголема од другата.
„Се утврди фактичка состојба каде што конкретен полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и притоа дозволил да одредено лице помине без соодветна казна којашто требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок што го направил спротивен на стандардните оперативни процедури и спротивен на законот. А вториот уште поголем прекршок од оној првиот е тоа што недолжен граѓанин, никако неповрзан со предметниот прекршочен настан до тој момент, во таа ситуација го навел во рамки на документацијата којашто се изготвува во рамките на Министерството за внатрешни работи како одговорен за предметниот прекршочен настан“,вели Тошковски.
Со тоа, како што наведува министерот, полицискиот службеник сторил „одредено кривично дело“, кое ќе биде процесуирано од Министерството за внатрешни работи.
Тошковски информира и дека братот на градоначалникот на Гази Баба, кој возел со 88 километри на час, наместо дозволените 50 километри на час денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“.
Нему, како што наведе министерот, му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а пред надлежен суд ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило.





