Тошковски ги фати најсмешните крадци во Македонија и пошироко

Расчистена кражбата на сеф од маркет Рептил во Црниче.



Во врска со тешка кражба во маркет Рептил извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.

На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица.

Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело “Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор, и формира техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Најсмешните крадци станаа популарни кога од возилото со кое ја правеа кражбата им испадна украдениот сеф.