Таткото на тинејџерот кој уби четири колеги од неговото одделение е прогласен за виновен за убиство од небрежност.
Убиецот Итан Крамбли отслужува доживотна затворска казна откако убил три соученички и соученик во средното училиште Оксфорд, во близина на Детроит, Мичиген, во ноември 2021 година, кога имал 15 години.
Неговата мајка, 45-годишната Џенифер Крамбли, минатиот месец веќе беше прогласена за виновна по четири точки од обвинението за ненамерно убиство.
Вчера беше осуден и неговиот татко, 47-годишниот Џејмс Крамбли.
Ова е прв случај во кој родители се обвинети за кривично дело извршено од нивното дете.
Инаку, на денот на пукањето, наставник пронашол цртежи на Итан на кои се гледа пиштол, куршум и крвава фигура. Заедно со цртежот имаше и пораки: „крв насекаде“, „животот ми е бескорисен“ и „мислите нема да престанат – помогни ми“.
Родителите веднаш биле повикани во училиштето и им било кажано дека на Итан му е потребна помош и да го однесат дома.
Според обвинителите, Џејмс и Џенифер одбиле да го земат нивниот син со себе.
Родителите го оспорија ова на судењето, велејќи дека наставниците се согласиле на состанок дека Итан може да остане на училиште тој ден и во ниту еден момент не мислеле дека тој е опасност.
Експертите за безбедност на оружје се надеваат дека овој случај ќе послужи како предупредување за родителите да го чуваат оружјетое во своите домови на безбедно место, подалеку од дофат на деца.
Според владините истражувања, 75% од децата убијци во училиштата користат, оружје пронајдено во нивните домови.






