Тим на Алијанса на Албанците денеска во Приштина имал средба со премиерот и лидер на Самоопределување Албин Курти. На објавената фотографија од средбата го нема лидерот на фракцијата Арбен Таравари кој му се придружи на Али Ахмети.
Во екипата која ја предводел вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, биле повеќе други функционери на Алијанса за Албанците, кои преходно го поддржаа Арбен Таравари во судирот со Зијадин Села.
Сега истите луѓе сега се против одлуката на Таравари да го напушти ВЛЕН и да замине во опозиција.
„Во мугрите на овој ден, заедно со извонредни пријатели од Алијансата за Албанците, тргнавме на патот кон Приштина, поминувајќи го автопатот „Арбен Џафери“, пат кој за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска.
Таму во Приштина, имавме братски разговор со нашиот пријател, Албин Курти. Она што денес нè обединува, повеќе од кога и да е, е нашата заедничка визија и идеал за напредок и развој, идеал кој не познава граници“, напиша вицепремиерот Фетаи по средбата.
Според фотографијата со него биле поранешниот пратеник Сурија Рушити, поранешниот министер за администрација Азир Алиу, Фета Алими и други.
По оваа посета се посилни се најавите дека Арбен Фетаи ќе биде новиот лидер на Алијансата на Албанците која ќе остане во владата а Таравари ќе треба да се врати со Села или да си најде нова партија и партиска структура.






