Бојан Крижај – скијачка легенда ги истражувал потенцијалите на македонските планини откако, на барање на Никола Груевски, во 2012 година ја обиколил Македонија за да направи план за скијачките центри.
„Тој кажа дека Македонија, иако мала земја, има еден огромен потенцијал за светски скијачки центар и дека тоа е Попова Шапка. Исто така, ми кажа и дека со било кој професионалец во областа може да ја одбрани тезата дека Попова Шапка според природните карактеристики на теренот може да се вброи во топ пет најдобри во Европа, но дека недостасуваат многу инвестиции и професионална грижа.
Сите други места, потенцираше тој, може да се добри за рекреативно скијање, некој повеќе, некој помалку, но се далеку под Попова Шапка за врвен скијачки спорт. Некои од нив можат да бидат добри и за спортско натпреварување, но од понизок ранг.
Тој недвосмислено потенцираше дека тоа е убедливо најдобриот потенцијал кој го има Македонија за скијачкиот спорт.
Затоа, тој препорача дека главните инвестиции треба да се насочат на Шапка и да се создаде голем и светски реномиран скијачки центар со потенцијал да биде светско сврталиште на најголемите скијачи на планетарно ниво“, пишува поранешниот премиер Груевски.
Груевски обелодени дека тогашната градоначалничка на Тетово, Арифи го бојкотирала проектот.
Прочитајте ја целата реакција тука.





