Очигледно фијаско доживеа бомбастично најавуваниот протест на СДСМ под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите“ замислен како собир на наставниците за зголемување на платите.
Од фотографијата може да се види дека на денешниот собир организиран од Социјал демократскиот сојуз пред Министерството за образование се собрани едвај 40 луѓе, објави „Лидер“.
Според СДСМ целта на протестот била да се изнуди покачување на платите во образованието, но очигледно партијата и лидерот Венко Филипче немаат поддршка од работниците.
И првиот човек на СОНК Јаким Неделков изјави дека наставниците нема да штрајкуваат.
СОНК нема да учествува на ниеден протест организиран од политичка партија
„Тоа што сите во јавниот сектор го добија во мартовската плата 2024 година, а тоа е усогласувањето на платите согласно закон со минимална плата СОНК или просветните работници го добиваат во септември што значи во законскиот рок од март до септември односно во рок од шест месеци треба да се усогласиме и очекувањата на сите вработени во дејноста образование е да се покачат платите или да се усогласат што е поточно“, изјави Неделков за Радио Слободна Европа.






