Телото на папата Франциско пренесено во базиликата Свети Петар

Церемонијата започна во 9 часот, соопшти Ватикан.



Телото на папата Франциско е привремено балсамирано и подготвено да го издржи топлото време во Рим пред да биде положено во базиликата Свети Петар, каде верниците ќе имаат можност да му оддадат почит, изјавија експерти за агенцијата Франс прес.

Телото на 88-годишниот поглавар на Католичката црква, кој почина во понеделникот на Велигден, ќе лежи во базиликата три дена, од среда до погребот во сабота.

Десетици илјади луѓе се очекува да чекаат во редици да се простат од Франциско.

Папата Франциско уште пред две години избрал каде сака да почива