Невообичаемниот голем вселенски објект, кој неодамна беше регистриран како прво тело од друг ѕвезден систем, кој деновиве помина низ Сончевиот систем се покажа уште почуден – се покажа дека има неверојатно издолжена, комплексна форма која потсетува на вселенскиотѕ брод од култниот „Одисеја 2001“ на Стенли Ќубрик.
Објектот 1i / 2017 U1 или Oumuamua (што на хавајски значи „гласник од далечина“), бил долг околу 400 метри или 10 пати подог од ширината. Од Европската вселенска опсерваторија (ESO) но и од други опсерватории во светот, тврдат дека телото патувало милиони години пред да дојде во Сончевиот систем.
Телото било темно, црвеникаво, и изгледа дека е составено од метал или камен.
Астероидот прв го открил телескопот Pan-STARRS 1 во Мауи, Хаваи на 19 октомври. Во почетокот, изгледаше како уште една комета, односно астероид какви што има илјадници во Соларниот систем. Меѓутоа, кога експерти неколку дена подоцна точно ја пресметале неговата траекторија, се покажа дека тоа е хиперболична, за разлика од елиптични орбити на сите тела во Сончевиот систем.
Бидејќи објектот низ Сончевиот систем се движел со огромна брзина , астрономите имаа многу малку време да го истражат.




