Тежок удар од Максим Димитриевски – СДСМ состави пратенички листи само за имунитет

Кандидатот за претседател од ЗНАМ, Максим Димитриевски рече дека СДСМ формирале пратенички листи за самоамнестија и имунитет.
Тој порача дека на Македонија и треба катарза и сериозен излез од оваа ситуација.



„Не сакам да видам како се превртуваат автобуси затоа што немаат технички преглед. Живи луѓе да горат по болници, наместо да ги лекуваме, ние ги убиваме. И денеска ги гледам истите луѓе кои се најодговорни за таквите нешта, се шетаат по Македонија, исто како во корона кризата кога правеа пи ар кампања во владата и направија огромен прес центар, наместо да решаваат проблеми, како се саморекламираат и афирмираат за актуелни носители на пратенички листи. И од овде сакам да им порачам на сите такви, а тие таквите во момнетов се актуелното раководство на СДСМ, кое состави пратенички листи за самоамнестија и имунитет. Едни исти луѓе во континуитет со години наназад. Ги испроменија сите функции, а граѓанинот го ставија на дното. Е па не може така“, рече Димитриевски.