ТЕ Битола 2 вратен во функција, Блок 3 се очекува до крајот на денот 

АД ЕСМ ја информира јавноста дека ТЕ Битола 2 е успешно синхронизиран со електроенергетскиотсистем вчера во 18:24 часот. Термоблокот веќеиспорачува електрична енергија според потребите наУниверзалниот снабдувач ЕВН Хоум.



Ова брзо оспособување на Блокот е резултат нанатчовечкиот напор и посветеност на вработените вокомбинатот, кои работеа неуморно за да го вратат вофункција во најкус можен рок.

АД ЕСМ упатува јавна благодарност до сите коиучествуваа со свој стручен придонес во санацијата наопожарената опрема и воспоставување на обновенсистем за електронско управување.

Поради очекуваниот зголемен конзум за време нанајавениот топлотен бран, денеска во попладневнитечасови ќе започнат активности за привремено ставањево функција и на Термоблокот Битола 3, а гасење на ТЕ Осломеј. Се очекува Битола 3 да биде синхронизиранна мрежа кон крајот на денот, со што во деновите назголемена потрошувачка РЕК Битола ќе работи со дветретини од својот инсталиран капацитет.

Ова значително ќе придонесе кон понатамошнозачувување на хидропотенцијалот во услови назголемен и целосно покриен конзум.

И покрај непланираниот застој на производството наТЕ Битола 2 поради причини кои се предмет на истрагакај соодветните институции, АД ЕСМ презеде брзимерки. Во изминатите денови беше зголеменопроизводството од хидроелектраните, а сооптимизација на потенцијалите, резервите на вода запроизводство на електрична енергија и натаму сезадржани на ниво од 50 отсто.

АД ЕСМ продолжува внимателно да ја следи состојбатасо топлотниот бран, соодветно реагирајќи собалансирано производство во согласност со потребитена системот.