„Албанците во градот Куманово се собраа да го прослават Денот на знамето, 28 ноември. Но, наспроти многуте црвено-црни албански знамиња, неочекувано се случи провокација од едно српско знаме, кое се појави на балкон на стан на зграда во нивна близина. Лицето, кое го поставило знамето, стоело на балконот, гледајќи. Граѓаните, кои беа обвинети за провокација со српското знаме, сега се веќе ослободени од обвинението.“ – објави ТВ Клан Македонија.
Во својата информација телевизијата натаму истакнува: „Изминатиов 28 ноември беше одбележан со вкупно 17 апсења на лица, кои го запалија знамето на државата * Македонија. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека повеќето сторители се малолетници. ДУИ реагираше на селективното третирање на случаите, бидејќи за сквернавење на знамето се уапсени само Албанци, но не и Македонците кои го запалија албанското знаме. “
Во врска со начинот на одбележувањето на Денот на албанското знаме намо низ Македонија, туку и во Куманово, истиот тој ден градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски имаше порачано преку својот фејсбук-профил: „За секаква осуда е ова, што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово, особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и македонско знаме. … Да газиш и кинеш, да уништуваш знаме на држава, која те израснала, те образувала, платила и која те плаќа, вложува во тебе е злосторство против неа и треба да одговараш.“





