ТВ Алсат: Законот за јазици наредува дека мора да се користи албанскиот јазик на книжните банкноти и на униформите, но тоа не се спроведува!

„Законот за употреба на јазиците стапи во сила во јануари во 2019 година, но продолжи неупотребата на албанскиот јзик, согласно со неговите одредби. Албанскиот јазик го нема ниту во институциите, ниту во општините, каде што има најмалку 20 отсто Албанци во структурата на Албанците. Книжните парични банкноти не станаа никогаш и албански, иако тоа е предвидено со овој закон. Иако овој закон  наредува, албанскиот јазик го нема ниту на униформите на полицајците и противпожарникарите, а не се користи ниту во судските постапки.“ – наведува ТВ Алсат во својот редакциски коментар со наслов „(Не)употребата на албанскиот јазик уште од усвојувањето на законот – книжните парични банкноти не станаа никогаш и албански’.’“.



ТВ Алсат пишува: Додека политичкиот чинител во земјата го заостри говорот околу прашањето на албанскиот јазик во * Македонија, неговата употреба од институциите и натаму останува предизвик. И покрај фалбите за официјалноста на јазикот, што го говорат повеќе од 20 отсто од населението, одредбите од законот за употреба на јазиците, кои се очекува да бидат разгледани од уставниот суд, не се спроведуваат со години и тие се однесуваат на употребата на албанскиот јазик во судските постапки, на паричните банкноти и на униформите.

Венецијанската комисија во октомври 2019 година, по усвојувањето на Законот за јазиците во Собранието, даде препораки за отстранување на одредбите, со кои се наложува употребата на албанскиот јазик во судските постапки. Но, во овие постапки, всушност, албанскиот јазик не бил користен никогаш.

Во ставот 1 од членот 8 од законот се наложува книжните парични банкноти и металните монети  и монетите да бидат и на јазикот, што го зборуваат најмалку  20 проценти од населението, а тоа е во овој случај албанскиот јазик. Но, и ова не се спроведе никогаш. Став 3 од истиот член наредува дека мора, покрај македонскиот јазик, да го има и албанскиот јазик на полициските, противпожарните и здравствените униформи во Скопје и во општините, во кои најмалку има најмалку 20 отсто од граѓаните, што зборуваат официјален јазик, различен од македонскиот. Но, не се спроведува ниту ова.

Во март 2023 година голема врева направи предупредувањето на функционерите на ДУИ, кои гордо кажаа дека се спроведуваат во праксата измените на Уредбата за употреба на албанскиот јазик на полициските униформи и нивните симболи, што беше претходно одобрено на владина седница. Се пофали за ова и Назим Буши, кој во тоа време ја извршуваше функцијата заменик-министер за внатрешни работи. Тој дистрибуираше фотографии со логоа на одделенија и полициски автомобили, кои, како што може да се види, покрај на македонски јазик, се и на албански јазик.

Но, во август истата година Буш на својот Фејсбук сподели конкурс за вработување 600 полицајци. Полициските униформи се само на македонски јазик, додека Буши компјутерски го прекрил преведеното лого на Полицијата. Дека не се почитувал албанскиот јазик во униформи докажува уште еден случај, кога на 1 декември 2023 година Назим Буши и Оливер Спасовски го посетиле Секторот за внатрешни работи во Скопје. Албанскиот јазик не се користел тука ниту на униформата, ниту на полициското знаме на масата. Најочигледен пример се случи на  27 април 2024 година кога беа унапредени 508 нови полицајци. На настанот присуствуваше и првиот албански премиер Талат Џафери. Сите 508 полицајци носеле униформи само на македонски јазик.

Законот вели дека униформите на пожарникарите мора да бидат на два јазика, и на македонски и на албански јазик, но тоа не се почитува од Противпожарната единица на град Скопје. Исто таков е случајот со униформите на Шумската полиција. И покрај тоа што Законот за употреба на јазиците стапи на сила во јануари 2019 година, униформите на Шумската полиција се само на македонски јазик.