ТВ 21: Има ли, сепак, избеганиот Груби политичка заштита од Албанија, иако Мицкоски не очекува да се случи тоа?

„Приватната посета’ во странство, како што тврдеше Груби, испаѓа подолга од она што, тој го најави.  Од албанската државна полиција не ги демантираат, ниту ги потврдуваат гласините дека Груби се крие во Албанија. Според министерството за внатрешни работи на оваа држава, тој не е забележан на ниеден од граничните премини на влез на албанска територија, иако се зборуваше дека изминатиов викенд бил виден на тамошна бензинска пумпа.“ – пишува ТВ 21 во својата информација со наслов „Избеганиот недостапен! Има ли Груби политичка заштита од Албанија?“.



Во информацијата телевизијата дополнува: Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува Артан Груби да има политичка заштита од Албанија. Тој нагласи дека него обвинителството го гони за основани сомнежи за сторени финансиски криминал и корупција, а судот му одреди 30-дневен притвор.

„Овде не станува збор за политички прашања, туку за нешто што е очигледно различно од политиката: постои основано сомнение за сторени кривични дела. Не очекувам дека тоа ќе се случи, но тоа ќе биде одлука на оние, што би влегле во таква постапка!“ – посочи премиерот Христијан Мицкоски.