„Дали е Бујар Османи наследник на Али Ахмети во ДУИ?“ Наместо директен одговор на ова прашање во емисијата „Денешен клик“ на ТВ 21 портпаролот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи наведува дека „Али Ахмети има уште многу да им даде им партијата и на народот“.
Телевизијата ја цитира изјавата, која ја даде Османи во овој контекст: „Во своите четириесет години Али Ахмети го претвори својот живот во кауза, која нѐ научи сите нас дека животот без заедничка колективна мисија е потрошен живот. Таа енергија на Али Ахмети сè уште ги вдахновува сите, кои што го поддржуваат. Не сакам да бидам демагог, имам многу подобар живот во клиника, во болница. Јас сум почестен, попочитуван, па дури и подобро платен, но не е живот, ако не си работел, или ако не си придонел за општото добро. Така нѐ научи Али Ахмети.“





