„Пораката до меѓународната заедница треба да биде дека забрзувањето на членството на Косово во НАТО нѐ успокојува нас како Албанци во целина.“ – кажа претседателот на ДПА Мендух Тачи на денешната свечена академија одржана во Скопје под мотото „25 години – Слободно Косово“’, која ја организираше Европскиот фронт. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
Натаму Алфакс пишува: Исто така, Тачи порача дека би го успокоило и ако се врати Европскиот фронт во Владата. Враќањето на политичката волја на Албанците во земјата ќе нѐ успокои и ќе нѐ врати на вистинскиот пат на интегрирањето.“ – посочи Мендух Тачи.





