Судуијата од претходна постапка не одговори позитивно на барањето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, „во живо“ и од собраниските клупи денеска да го следи обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јохан Столтенберг.
Судијата Ненад Савевски од Основниот суд Скопје 1 не ја прифати молбата на Тарчуловски и одлучи да не го пушти да излезе од куќен притвор, со објанување дека лице со мерка притвор може да биде пуштено од дома само поради болест или поради немили настани во семејството.





