Тарчуловски куртули од милионска отштета за убиен во Љуботен 2001

Пратеникот Јохан Тарчуловски нема да учествува заедно со Министерство за внатрешни работи во солидарна исплата на отштета од еден милион евра што ја бара семејството на убиениот Рами Јусуфи во Љуботен во конфликтот во 2001 година.



Основниот суд Скопје 2 го отфрлил проширувањето на барањето за отштета на Тарчуловски и за тоа останува да се товари само МВР.

Судот, кој денеска ја заврши расправата по тужбата на Елмаз и Зејнеп Јусуфи, изрекувањето на пресудата го закажа за 19 декември во 14:10 часот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој моментно е во домашен притвор за настаните од 27 април во Собрание, доби 12 години затвор од Хашкиот трибунал за воени злосторства токму за акцијата на безбедносните сили во Љуботен од 10 до 12 август 2001 година. Тогаш беа убиени десет цивили, меѓу кои и 33-годишниот Јусуфи.