Еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ АЛЕН, вели дека партиско раководст на неговата Алијнса за Албанците разгледува две опции: да оди на избори како дел од ВРЕДИ или самостојно.
„Утре имаме состанок на централното раководство и ќе одлучиме како ќе постапиме. Имаме две опции, едната е да продолжиме со ВРЕДИ, а другата е да излеземе сами.
Имаме неколку општини каде што мислиме дека самите би имале добар резултат, така што изборот е меѓу овие две опции.
Трета опција нема. Крајот одлучуваат граѓаните Немаме разговори со ДУИ“, рече меѓу другото Таравари, пренесува Телеграфи.
Запрашан за изјавите на Билал Касами, според кој „оној што ќе се одвои од ВРЕДИ ќе го изеде волкот“,Таравари рече дека не сака да коментира.
„Мислам дека Касами е брз кога дава изјави, но тоа е негова работа. Утре го имаме централното раководство на АА и ќе одлучиме како ќе продолжиме“, рече Таравари.






