Таравари: Треба нов устав, не само да се внесат Бугарите – кажал и Арбен Џафери дека тој е создавач на криза

„Кандидатот за претседател од редовите на албанската опозиција Арбен Таравари оценува дека во * Македонија треба да се отвори прашањето за нов устав. Тој изјави во емисијата ‘Мислење’ на ТВ Клан Косово дека актуелниот устав не бил поддржан од Албанците во 1991 година и оти не ја отсликува реалноста во нашаа земја.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својата вест под наслов „Таравари: Не е лошо да размислиме за нов устав – Има кажано и Арбен Џафери дека уставот е создавач на криза во Македонија“.



ИНА ја пренесува изјавата на Таравари, дадена во овој контекст: „За уставот, за кој Арбен Џафери рече дека е создавач на кризата во Македонија, гласаа само Македонците во 1991 година. Албанците не гласаа, беа воздржани. Заедно со нашите сограѓани-Македонци треба полека да отвориме некои прашања, затоа што Уставот мора да биде одраз на она што е во базатаа, во реалноста на населението, на демографијата, за да биде пофункционален. Така што секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, да ја чувствува таа земја како своја. Треба сериозно да размислиме и да ја отвориме расправата за уставните измени, не само за воведување на Бугарите во уставот. Претседателот Пендаровски пред неколку месеци рече дека не е лошо да размислуваме за нов устав во * Македонија.“