Таравари: Села и Ахмети треба да се навикнат дека се во опозиција

Министерот за здравство, Арбен Таравари во одговорот на прашањето поврзано со неодамнешниот повик на Зијадин Села упатен до опозициските партии од македонскиот и албанскиот политички блок и да разговараат за прашањата и теми кои се однесуваат на Албанците, напомена дека се подготвени за разговор.



-Кажав дека Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција. Инаку нема проблем, подготвени сме да разговараме со кого било и во кое било време, рече Таравари во одговорот на прес-конференција по денешната посета на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација.