Арбен Таравари од ВРЕДИ вели дека Владата се’ уште не разговарала за наодите по археолошките откритија во Струга, поточно во селото Корошиште, кои во петокот ги презентираа министерот за култура и археолозите, а датираат од 6 век п.н.е, но додава дека ќе бидат вклучени и албански научници.
„Досега на оваа тема воопшто не се разговарало, но во сите тие археолошки истражувања дефинитивно треба да има Албанец археолог и историчар и од овие истражувања треба да се извлечат заклучоци кои ќе се поклопат со реалноста во местата каде што работат научниците.
Мислам дека ова е повеќе прашање на наука отколку на политика и не се осмелуваме да дозволиме политиката да ги отуѓува научните факти“, рече Арбен Таравари, претседател на АА, објави Алсат .
Според археологот Фитни Далипи, археолошките откритија во Струга припаѓаат на илирското племе Енкелејди, кое живеело во областите околу Охридското Езеро и кое ја создало првата династија на Илирското кралство на крајот на 5 век п.н.е, овјави Алсат.
Археологот Меџаит Положани смета дека „со културното наследство, уште повеќе со археолошкото наследство, но и со ова откритие сега кога се случи, треба да се позанимаваат со соодветните институции кои се занимаваат со грижата за наследството. Се разбира, треба да се земат луѓе од науката или експерти. А, тоа значи дека сета работа што се случуваше до сега ќе продолжи на институционална основа. Ако има погрешни претстави или сомнежи, тие отсекогаш постоеле, постојат и ќе постојат, но важно е вистината, тие археолошки наоди, да бидат сочувани и објавени, но објавени на правилен начин”.
За потребата од интервенција на албанскиот политички фактор за да не се толкуваат погрешно артефактите, Положани вели дека албанскиот политички фактор треба да направи нешто друго. Мора да го направи она што не го направил 35 години.
Односно, албанскиот политички фактор треба да поцрвене кога зборува за наследство, затоа што успеал да ангажира само двајца археолози, и тоа едвај, и никогаш не се обидел да ги мотивира младите, никогаш не се обидел да ги преземе институциите кои се занимаваат со наследството и никогаш не се обидел да ја поддржи заштитата на наследството“, нагласи Положани.






