Таравари: Премиерот решава за учеството на АА во Владата, имаме одлични односи со него – Одиме со свои советнички листи на локалните

„Премиерот одлучува за нашето учество во Владата, но во принцип досега сме имале одлични односи со него.“ – изјави лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари по денешната седница на претседателството на оваа партија – членка на коалицијата Вреди, околу настапот на годинашниве локални избори. Ова го објави ТВ 21.

Запрашан „дали разговарале и околу прашањето дали се обидуваат да ги исфрлат од владата“, Таравари одговори: „Таму одлучува премиерот. Тој ја формира владата. Но во принцип со премиерот имаме сега засега одлични односи.“



Информативната агенција Илирија-ИНА извести: По повеќе од три часа расправа на денешната седница на своето претседателство, Алијансата за Албанците, раководена од Арбен Таравари, донесе одлука сама да се натпреварува со своја листа за советници во советите на општините на локалните избори. Сепак, партијата останува отворена за соработка со другите политички партии што се однесува до кандидатите за градоначалници.