Таравари оптимист дека ќе се договори со ВРЕДИ

Министерот за здравство и еден од лидерите на ВРЕДИ, Арбен Таравари, денеска истакна дека верува оти ќе се изнајде решение прифтливо за сите страни во Коалицијата, пренесува Телеграфи.



Тој рече дека се разговара со партиите и со ВРЕДИ и дека на ова работат работни групи.

„Преговараме, разговараме, има загриженост,т е евидентно, сите го гледаат. Денеска повторно  имаме редовната средба, така што преговорите во ВРЕДИ не престануваат.

„Денеска имаме состанок на шефовите на ВРЕДИ, верувам дека работните групи ќе продолжат да работат и ќе успееме да најдеме решение кое би било достапно за сите“, рече Таравари.

„Со ВРЕДИ или не“: Таравари доби една недела да се изјасни