Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари преку објава на фејсбук порача дека „никогаш не чувствувал лакомост за власта“, иако признава дека „е тешко да ѝ се одолее“. Тој истакна дека за него „политиката секогаш била и ќе остане едноставна формула: што правиме за народот, а не што правиме за себе и за тесниот круг околу нас“. Ова го објави ТВ Алсат.
Натаму телевизијата истакнува: „Ова беше системот, што ја парализираше нашата заедница и затоа категорично не смееме да го повториме.“ – напиша Таравари, додавајќи дека „проблемите во системот не се само прашање на имиња, туку на групации и менталитети“.
Тој апелира за „суштинска промена во политичкиот пристап“ и ја нагласува „опасноста од неуспехот да се направи таа промена“, нагласувајќи: „Можеме да останеме со истите имиња, но мора да го смениме менталитетот, инаку повторно ќе паднеме во кругот на незаслужени придобивки, што поедноставено значи: ќе го потпираме нашиот грбник врз грбникот на народот.“






