„Се ова е последица на неодговорноста на претходната власт!“ – изјави Арбен Таравари од коалицијата Вреди во едно телевизиско истапување. Според него, прашањето за албанскиот јазик требало да се затвори и да не се наследува проблемот. Ова го наведува ТВ Клан Македонија во својата статија со наслов „Оспорување на албанскиот јазик! Вреди: Се ова е последица на претходната власт!“
Во статијата телевизијата натаму објавува: Таравари во изјава за „Ора њуз“ за постапките на Уставниот суд кажа дека се надвор од секоја логика и човечки норми. „Многу сум среќен што албанските судии ќе ја бојкотираат оваа седница, бидејќи тоа што го направи Уставниот суд е надвор од секоја логика и надвор од секоја норма. Ако се донесе одлука законот целосно да се ревидира, тоа нема да биде добра ситуација за Албанците, но и за целата држава“
Се искажа и уште еден експонент на коалицијата Вреди. Билал Касами преку објава на фејсбук вели дека кога доаѓа времето на одговорност и, како што вели, кога корумпираните од ДУИ треба да се подготват за затвор, интегристите се потсетуваат на албанските прашања. „Што се однесува до националното прашање, нека спијат мирно Али и неговите соработници, бидејќи прашањата на Албанците се во сигурни раце, оти се штитат од вистинските албански чувари. Ако не ги фаќа сон од криминалот, што го направиле, нема да можеме ниту ние да им помогнеме, но нема да ги спасат ниту нивните планови за дестабилизација.“ – посочи Касами.
Од Уставниот суд не сакаа да ги коментираат политичките реакции. По ваквите реакции најавија дека по завршувањето на седницата јавно ќе го кажат своето мислење. Епилогот останува неизвесен, особено по предупредувањата дека албанските судии Осман Кадриу и Насер Ајдари ќе ја бојкотираат седницата на 11 декември, ако се прифатат сите 18 одредби, со кои се оспорува законот за јазиците. Во јавноста се поставува прашањето дали отсуството на уставни судии-Албанци го доведува во прашање прашањето за одобрување на одлуката. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски пред извесно време изјави дека одобрувањето на ваквата одлука треба да се донесе со присуство на 9-те уставни судии. – објави ТВ Клан Македонија во својата статија.





