„Му кажав на Села, ако одиме со ДУИ јас ќе излезам од партијата, а да настапиме сами немам против. Ако настапиме сами и да изгубиме не е некаков проблем, тогаш Таравари ќе даде оставка од претседател и толку.
Народот сакаше промена, заедно со ДУИ не е промена“, изјави синоќа лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател Арбен Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21
Таравари рече дека имале доста дискусии со Села во однос на коалициите и дека реално биломда се очекува дека ако излегле сами на изборите, само ќе му направеле услуга на ДУИ.
„Само здружени со опозицијата може да ги победиме. Кога му се придружив на Села тогаш беше заради тоа да ја донесеме промената, а не да направиме услуга на некого“, порача Таравари.






