„Премногу е ниско од Максим Димитриевски тоа што сака со својата идеја да здобие политички поени. За мене и тој е дел од оваа влада, но многу е низок начинот како сака да добие политичка поддршка. Тоа не е добро за него, бидејќи наредната година неговата партија ЗНАМ повторно ќе се кандидира во Куманово и ќе му требаат албанските гласови.“ – изјави денес Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на албанската коалиција Вреди, одговарајќи на вчерашната изјава на лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски. Реакцијата на Таравари ја објави ТВ Алсат.
Инаку, Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски вчера изјави дека е „погрешно коалицијата ‘ВРЕДИ’ да ја имитира ДУИ, бидејќи е таа веќе минато“.
„Нашиот партнер во власта коалицијата Вреди ќе мора да направи корекција на самата себеси. Погрешно еда ја имитираат ДУИ, бидејќи таа е веќе видена работа и минато. Треба да креираме нови политики за економски раст и развој на државата, бидејќи граѓаните веќе не се оптоварени, кој какво знаме ќе вее, или кој е поголем заложник за исполнување на некои си наводни национални платформи и стратегии. Граѓаните сакаат да живеат во средена држава, во која корупцијата ќе се намали, ќе се изгради систем и ќе се направи функционална држава, функционален систем во функција на граѓаните и на државите.“ – кажа вчера лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.



