Победата ќе дојде поради обединувањето на опозициските партии. Така кажа Кандидатот за претседател на ВРЕДИ, Арбен Таравари, од в черашниот митинг во Куманово порача дека обединувањето на опозициските партии на етничките Албанци во Македонија ќе резултира со победа над ДУИ на претстојните избори..
„Нè има многу. Обединети сме да победиме овој пат. Секогаш во с.Македонија, од 2011 година опозицијата има повеќе гласови од ДУИ, но ние не сме биле обединети.
Сега сме сите заедно во коалицијата ВРЕДИ. Го имаме и благословот на премиерот Албин Курти и овој сојуз ни обезбеди победа, бидејќи промените вредат“,истакна Таравари.
„Имаме отворени врати насекаде во с.Македонија, но и во Приштина и во Тирана. За жал, не можам да го кажам ова за мојот противник. Тој си ја затвори вратата за себе и ги знаеме причините“, рече Таравари според кој во противничкиот табор има луѓе на „црни листи“ и со руски и српски капитал.






