„Законот за употреба на албанскиот јазик не може да се укине, а него го испратија ДУИ и СДСМ во Венециската комисија.“ – изјави Арбен Таравари, еден од лидерите на албанската коалиција Вреди, осврнувајќи се на законот за употреба на албанскиот јазик, за кој има во Уставниот суд иницијатива за оцена на неговата уставност. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
„Алфакс“: „Не верувам дека ќе се дојде толку далеку. Сведок сум на некои настани кои го спречуваат тоа да се случи. Во 2018 година како опозиција ги молевме Бујар, Артан и Алиу да не го испраќаат законот до Венецијанската комисиј. Но тие заедно со Заев го испратија. Сега никој не може да се меша во Венециската комисија. Тие донесоа некои препораки, кои денес партијата Левица ги користи и ги носи до судот, во кој судиите беа избрани од поранешниот режим. Не верувам дека ќе влеземе во политичка криза, бидејќи употребата на албанскиот јазик не може да се отстрани. Тоа е апсурдно и нема се случи“. – посочи Таравари.
Тој нагласи дека „ДУИ во 2020 година прогласила оти се затворени етничките прашања и преминала на зелена агенда“. „Се покажа дека ова не е вистина. Постои стремеж да се предизвика дестабилизација, особено пред изборите во Косово. Информациите укажуваат дека ќе има повеќе од протести.“ – кажа Таравари во „Порталикс“.
Тој зборуваше и за законот за „бранители“, кратко одговарајќи дека тој закон нема да помине.






