Таравари и Османи со различен став за предвремени парламентарни избори

 

Претседателот на Ачијанса на Албанците, која е дел од Владата, Арбен Таравари смета дека тоа прашањезависи од ВМРЕО-ДПМНЕ.



„Начелно за предвремени парламентарни избори одлучува ВМРО-ДПМНЕ која има 58 пратеници, плус 6 пратеници од ЗНАМ.

Значи албанските партии не можат да наметнат одржување парламентарни избори.
Колку што гледам, премиерот не е расположен да оди на предвремени избори, но во Македонија треба да се има предвид, работите никогаш не можат да се предвидат, иако тој ги анализира сите можни опции.

Во меѓувреме, потпретседателот на ДУИ Бујар Османи ги гледа парламентарните избори како единствен начин да се врати надежта и вели дека е добро тие да се одржат заедно со локални избори во октомври.

„Мислам дека после сите овие настани, маргинализација, немање легитимитет, функционирање на власта, трагедијата на Кочани, нема друга логика освен предвремени избори.
Само избори ќе бидат надеж. изминативе 20 години имаме избори секоја година.

Подобро би било парламентарните избори да се одржат заедно со локалните избори и поради економијата на државата“, рече меѓу другото Османи.

Последните парламентарни избори во Македонија се одржаа во мај 2024 година, на кои за првпат во албанскиот табор се натпреваруваа две коалиции. Европскиот фронт доби 18 пратеници, а коалицијата ВАЛЕН 14 пратеници, потсетува Телеграфи