Таравари: „Во пакет“ да ги решиме химната, грбот и 20-те отсто…

„Подготвени сме да разговараме за сè! За жал, многу осетливи теми беа игнорирани во изминатиот период. Сакаме да отвориме пакет мерки со кои ќе ги решиме сите нерешени прашања од последните 20-30 години“ ,  изјави министерот за здравство и член на Коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари.



Тој посочи дека меѓу тие прашања треба да бидат и државниот грб, химната, „20 отсто“ и други етнички теми.

Според него, Владата е подготвена за разговори со цел конечно решавање на овие прашања.

Додаде дека, по затворањето на овие прашања, државата ќе може да се фокусира на економијата, евроинтеграциите, антикорупцијата, зголемувањето на платите и подобрувањето на животниот стандард.

На прашањето каков треба да биде новиот грб, Таравари одговори дека Коалицијата ВРЕДИ сè уште не ја отворила таа тема.