Денеска се одигра 15 коло во нашата Прва фудбалска конкуренција и истото мина без изненадувања што и конвенира на Шкендија. Тетовци славеа во Кратово кај Силекс со 2-0 и ја задржаа предноста во однос на Вардар кој беше успешен кај Ренова со 5-2. Разликата меѓу тетовските и скопските црвено црни остана 11 бода (37-26) со два меча помалку на шампионот и во случајов следбеникот. Меч со доста голови и со уште една гостинска победа е виден во Битола: Пелистер-Академија Пандев 3-4, а честа на домаќините ја спасуваше Работнички кој беше убедлив со Победа, 4-0. Средбата Скопје-Шкупи е одложена поради лошиот терен на стадионот на Железарница.