И два дена по најобединувачкиот говор во поновата историја на Македонија, социјалните мрежи се преполни со коментари за настапот на претседателот на собранието на Македонија во Крушево. Талат Џафери со многу сенс, со конкретни идеи, и со додаток од рецитација на Крушевскиот манифест ги одушеви и во македонскиот и во албанскиот блок. Сигурно дека има и мал дел кои не знаат да прочитаат, кои не слушаат и кои се палат водени од дневни политички интереси, но факт е дека поранешниот Министер за Одбрана го погоди моментумот.
Затоа Талат Џафери е лик на целата оваа недела.




