Карло Тевекио веќе не е претседател на Италијанската фудбалска федерација што е многу реален развој на настаните по елиминацијата на Аѕурите од Светското првенство. Тевекио минатата недела го отпушти селекторот Џанпјеро Вентура затоа што не ја мина Шведска во баражот, а денеска самиот се повлече за, како што соопшти, да ослободи простор за промени кои ќе водат на подобро.
74 годишниот Тевекио ја извршуваше функцијата претседател на Италијанската фудбалска федерација само три години, и веројатно уште долго ќе беше прв човек на моќната организација да не му се случеше отсуството од мундијалот во Русија.
Ова би можело да биде насока и за предводниците на македонските спортски асоцијации, во кои се се толерира, па и неуспехот. За разлика од нас, Италија веднаш го сосече и затоа може да се надева на подобри денови.




