Според газдата на згаснатата 1тв Бојан Јовановски најголемата грешка на Македонија е што СДСМ дојде на власт.
Тој партијата ја нарекува секта која после избори нема да постои како партија.
„Од прилика 2015-2016 година пред СДСМ да дојде на власт што е историската грешка на Македонија, во таа историска грешка сум учествувал и јас.
Кога се случуваше таа Шарена револуција која што имаше добра цел, зашто Никола Груевски малку забега тој период, но затоа Зоран Заев после него забега пута 100“, изјави Бојан Јовановски познат како Боки 13 во поткастот на Лазаров.
Јовановски додаде дека тој и претходно бил симпатизер на СДСМ, но ова денешно СДСМ не наликува ни малку на минатото.
„СДСМ нема идеологија, тоа денеска го тврдам одговорно“, нагласи тој.
„СДСМ денеска е секта, секта која што се убива меѓу себе. И мислам дека после овие избори СДСМ нема да постои како партија“, укажа Јовановски.
Тој нагласи дека со неговите ,,лауреати” се кити СДСМ, одредени поединци од СДСМ. Партијата добива. Тој во поткастот признава дека од секогаш бил симпатизер на СДСМ но никогаш не бил член на таа партија.
„А, подоцна сум бил и покрај симпатизер и дел од тоа нивни секташки структури“, признава Јовановски.
Видеото во овој текст
Русковска утврдила дека Заев имал удел во бегството на Никола Груевски, тврди Јовановски (ВИДЕО)






