Потребни состојки:
-50 гр. путер
-1 стапче ванила
-3 шољи ориз
-150 мл. бело вино
-600 мл. млеко
-100 гр. бела чоколада
-Шеќер по желба

Припрема:
Растопете го путерот во тавче, пресечете го стапчето ванила по должина и истругајте ги семките одвнатре, па ставете ги во тавата и пропржете ги за путерот да добие убава арома. Може да додадете и малку цимет.
Додадете го оризот, виното и млекото и гответе на умерена температура со често мешање. Кога течноста ќе испари додавајте по малку млеко се додека оризот целосно не се свари. Потоа додадете шеќер по желба и оставете го да се растопи.
Додадете го белото чоколадо искршено на коцки, промешајте и сипете во чинии за сервирање. Одозгора може да изрендате и црна чоколада





