Американската тајна служба суспендираше најмалку пет вработени како дел од истрагата за околностите околу обидот за атентат врз Доналд Трамп, објави Си-Би-Ес, повикувајќи се на свои извори.



Ентони Гуглиелми, портпарол на Тајната служба, одби да ги коментира суспендирањата, но рече дека „ги истражуваме процесите, процедурите и факторите што доведоа до овој оперативен неуспех“.

На 13 јули беше извршен обид за атентат за време на предизборен митинг против Трамп. Тој е полесно повреден, а еден од учесниците во настанот е убиен. Тајната служба информираше дека стрелецот е убиен.

Како резултат на тоа, директорката на Тајната служба Кимберли Читл изјави дека ќе поднесе оставка. Таа призна дека нејзината единица не успеала ефективно да го обезбеди Трамп.