Суперталентираната македонска оперска певица Илина Митревска потпиша договор со водечка италијанска оперска агенција.
,,Денеска ви ја претставуваме ИЛИНА МИТРЕВСКА, млада неверојатна сопранистка.
Да го започнеме ова патување заедно со голем ентузијазам!!!”, објави агенцијата ACE International Opera Agency по потпишување на договорот со македонката певица.
,,Среќна и благодарна што објавувам дека од денеска ќе бидам претставувана од ACE International Opera Agency 🍀🎶 ❤️”, напиша младата сопранистка на која и се насмевнуваат настапи на водечки италијански и европски оперски сцени.
Би сакала да ви се заблагодарам на сите кои досега ми помогнавте со моето патување за професионален и личен раст. И секако, посебна благодарност до мојот професор Paoletta Marrocu ❣️, пишува Митревска по потпишаниот договор за соработка со итлијанската агенција.
Илина Митревска на 8 Август во Охрид одржа концерт во црквата света Софија кој за многумина упатени во класичната музика беше еден од културните настани кои ја одбележаа летната сезона во Македонија.






