Во натпревар од 10 круг во нашата Прва лига актуелниот шампион во Скопје беше поуспешен од Шкендија со 4-2 притоа демонстрирајќи завидно добар фудбал. Пресвртот што се случи на Филип втори само му додаде на оценката на дербито по кое скопските црвено-црни им се доближија на тетовските со исти бои на шест бода, но со два натпревара помалку.



Текот на мечот беше тоа што дополнително предизвика. Бразилецот Жуниор го доведе гостинот во водство во 27 минута, што беше резултат на полувремето и најава за сета содржина на второто. Во него Фелипе во 55 изедначи од пенал, а 9 минути подоцна одново од истата позиција Ибраими стрелаше за предност на тетовци. Но, само една минута подоцна по одличната асистенција на Итало, резултатот по втор пат го израмни Блажевски за се да се сврти во 74 минута кога Фелипе погоди од голема далечина по катастрофалната интервенција на Захов. Конечниот резултат Вардар-Шкендија 4-2 го постави вториот Бразилец во тимот од Скопје, Итало.