Македонија е земја во која може се да снема, но домати од сите форми, типови, па и цени мора да има. Кога се веќе така присутни, достапни, па и евтини, вреди да експериментирате. и затоа овие топли денови на љубителите на супи им ја препорачуваме супата од домати.



Потребни состојки:

– 1 кг свежи домати
– 1 чешне лук
– 1 лажица брашно
– 1 лавров лист
– Босилек
– Сол и бибер


Начин на подготовка:

Исечкајте ги доматите и ставете ги да се варат околу 15 минути во 1 литар вода, а потоа добро испасирајте ги. Ставете го брашното во пола чаша вода. Во сокот од домати додајте го веќе разреденото брашно и измешајте. Варете додека не се згусне супата. Додајте ги зачините и послужете во четири чинии.