Кривичниот суд во Скопје денеска се очекува да донсе одлука во врска со можната примена на Законот за амнестија за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“.
Според информациите, одлуката ќе се однесува на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, и ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, јавува Радио Лидер.
Јавното обвинителство, како што беше објавено на рочиштето во декември минатата година, веќе го доставило своето мислење за примената на Законот за амнестија. Меѓутоа, овој правен инструмент не е применлив за поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој останува исклучен од евентуалната можност за амнестија.
Апелациониот суд во Скопје минатата година ја укина првостепената пресуда од 2021 година, со која обвинетите беа осудени на затворски казни: Трајко Вељаноски – 6,5 години затвор; Миле Јанакиески – 6 години и 3 месеци; Спиро Ристовски – 6 години и 3 месеци и Владимир Атанасовски – 6 години затвор.
Случајот беше вратен на повторно судење…






