Висок претставник на Алијансата на Албанците членка на владината коалиција бара Албанците да го кренат гласот против неправдата кон осудените во случаите Диво Насеље, Монструм и други случаи каде што се осудени Албанци како Сопот и Бродец.
„Случајот од Куманово, Монструм, но и други судски случаи ко што се конструирани против Албанците се срам за судството во Македонија. Скандалозно е што во 21 век во земја која што сака да влезе во Евроатланските структури се случува ваква неправда, и да бидат спроведени методи на тоталирарен режим од времето на инквизицијата“, пишува во пораката на социјалните мрежи со која практично се тврди дека убијците на 8 македонски полицајци во Диво Насеље се жртви на состемски прогон на Македонците.
„Албанската политичка елита, организациите за заштита на човекови права, интелектуалците и сите луѓе со добра воља треба веднаш да го кренат гласот на протестот на сите меѓународни нивоа и да бараат правда за невини луѓе проколнати да бидат казнети со големи казни за криминал што никогаш не го сториле. Тоа не може да се толерира“, се вели во пораката на висок претставник на Алијансата за Албанците според која осудените во Кумановските настани и Монструм се невини.






