Специјалниот имиграциски суд во Рим донесе одлука 12 мигранти, испратени во кампот во Ѓадер, недалеку од јадранскиот брег во северна Албанија, да бидат вратени во Италија бидејќи поткнуваат од земји кои се сметаат за небезбедни за враќање.
Италијанската влада најави дека ќе ја оспори пресудата.
„Не е до судството да каже кои земји се безбедни – тоа зависи од владата“, реагираше премиерката Џорџа Мелони.
Италијанскиот договор со Албанија има за цел испраѓање на илегални мигранти спасени од Средоземното Море во два кампа во Абанија.
Минатата година владата на Џорџа Мелони постигна договор со албанските власти да подигне миграциски центри во таа земја, во кои ќе бидат сместувани мигранти кои чекаат на постапка за азил.
Проценетата цена на планот од 800 милиони евра наиде на критики од лидерите на опозицијата. Ели Шлајн од Демократската партија изјавила дека парите можело да се потрошат за здравствена заштита, пренесува Би-би-си.
Договорот не вклучува жени или деца, а првата група мажи пристигна во Албанија во средата со брод на италијанската морнарица.
На бродот „Либра“ требаше да има 10 мажи од Бангладеш и шест од Египет, но тој број брзо се намали од 16 на 12, бидејќи инспекциите открија дека меѓу илегалците две се деца, а други двајца се ранливи.
Во петокот, судиите во Рим одлучија и останатите мигранти да бидат вратени во Италија, иако нивните барања за азил беа одбиени.
Судиите заклучија дека е невозможно нивните земји на потекло да се признаат како „безбедни земји“.
Судската одлука наложи 12-те мигранти да бидат вратени во Италија уште денеска со брод на италијанската крајбрежна стража до пристаништето Бари.
Нивните барања за азил во Италија се одбиени, но тие можат повторно да бидат поднесени, сега на италијанска територија.
Судот во Рим се повикува на одлука на Европскиот суд од 4 октомври во врска со утврдувањето на безбедноста во земјата од која потекнуваат мигрантите – во овој случај тие се од Египет и Бангладеш.
RyNews истакнува дека дводневното патување со брод од Лампедуза до Албанија ја чини Италија околу 20.000 евра по мигрант.






