Со нов Закон за студентска работа
ќе се реши долгогодишниот проблем на вработување и искористување на студентите со работа на “црно”, објави Националната координаторка за образование Солза Грчева.
,,На студентите ќе им го направиме поквалитетен студентскиот живот, а работодавачите ќе бидат стимулирани да ги вработуваат на привремена работа.
Паралелно со Законот, правиме web страна со берза на нивни вработувања и опис на секое работно место”, пишува Грчева која открива дека на овој проект нејзината канцеларија интензивно работи повеќе месеци.
Во проектот се вклучени 7 министерства (Образование, Економија, Финансии, Правда, Социјала, МВР, Технологии) како и Стопанската комора, Студентски организации, Агенција за вработување, УЈП, Фонд за здравство, Фонд за пензиско, Народен правобранител, претставници на Влада, професори…
Веќе во септември ќе биде готов нацрт Законот, кој ќе биде презентиран на медиумите и ќе оди на јавна расправа.
,,Само темелна, инклузивна и транспарентна работа ги решава натрупаните системски проблеми!
Мораме да се бориме и со подобрување на студентскиот живот и стандард, да го намалиме одливот на младите.
Ова е благородна работа, во која навистина уживам и јас и сите вклучени во проектот”, објави Грчева.






