Тесто:



Пенасто се матат жолчките со шеќерот, се додаваат мелените ореви помешани со исчистеното суво грозје и изренданата кора од лимонот. Добро изматеното тесто се става во калап за печење претходно намачкан со путер и посипан со брашно. Се става да се пече на 180 степени, 20-25 минути. Од белките и шеќерот измешан со ванила (се додава лажица по лажица) се мати цврст снег и со него се премачкува целата торта.
Одозгора може да се украси со суво грозје.

Потребни сосотијки :

-8 јајца
-200гр шеќер во прав
-200гр ореви
-120гр суво грозје
-Изрендана кора од еден лимон
-8 лажици шеќер во прав
-1 ванилин шеќер