Од денеска во Албанија почна примената на одлуката за цената на електричната енергија за домаќинствата, која е пониска за 10,5 проценти, објави вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку.
Според неа, корист од ова ќе имаат 1 милион и 70 илјади домаќинства или 95 отсто.
Регулаторниот завод за енергетика неодамна реши тие што ќе потрошат до 700 киловатчасови струја месечно, ќе плаќаат по 8,5 леки за кв/ч (околу 5,2 денари), а за оние што ќе надминат 700 кв/ч цената е 9,5 леки.






