Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и министри ќе учествуваат на унгарско-македонската владина средба на врвот, која ќе се одржува денес и утре, на 3 и 4 март 2025 година во Унгарија. Предвидена е лице-в-лице средба меѓу македонскиот премиер Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во рамки на владината средба на врвот предвидено е да се одржат и средби меѓу ресорните министри на двете влади. Потоа ќе уследи заедничка седница меѓу владите на двете држави. Овие средби и разговори претставуваат стратегиски исчекори, кои ги прават премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Македонија со ваквото продлабочување на севкупните односи со Виктор Орбан и Унгарија, првиот сојузник во Европа на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп.
Во рамки на посетата на Унгарија предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија на Унгарија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта.
По завршувањето на меѓувладината седница премиерот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски и премиерот на Владата на Унгарија Виктор Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција.
Home Македонија Стратегиски исчекори: средба Орбан-Мицкоски и седница на владите на Македонија и Унгарија...





